Почетна

7D Planet е местото кое ѝ даде една нова димензија на забавата. Позиционирано во Скопје Веро Центар (2-ви кат.) 7D Planet претставува секојдневно собиралиште на децата, но и на оние повозрасните кои се љубопитни да доживеат нешто ново и возбудливо.

7D Planet ја донесе кај нас најновата технологија на проектирање на филмови во 3Д, сето тоа збогатено со дополнителни ефекти кои даваат единствено филмско доживување. Оваа технологија направи гледачите да излезат од улогата на набљудувачи и вистински да “влезат” во филмот, чувствувајќи движења и сензации кои соодветствуваат со она што се случува во филмот. Тука се аромите, вибрациите, чадот, ветрот, капките дожд кои паѓаат на вашето лице, снегот, допирите – низа ефекти кои го прават ова “возење” незаборавно искуство како за децата, така и за возрасните. На репертоарот се кратки анимирани филмови кои се емитуваат по ваш избор, но покрај тоа 7D Planet нуди и можност за организирана забава. Просторот овозможува организирање на роденденски забави и нуди различни роденденски понуди кои покрај билети за проекциите вклучуваат и интересно мени по ваш избор.

Забавата продолжува во игротеката која нуди забава за дечиња од сите возрасти, со специјално бејби-катче дури и за оние најмалите. Тркање на три големи тобогани, трамболина, катче за родендени – ова е само дел од содржините на 7D Planet игротеката.

Interactive Park, е најновиот забавен дел во 7D Planet, исполнет со интерактивни игри забавни за сите возрасти.